Одземен мобилниот на Катица Јанева, ќе се проверува нејзината комуникација со Боки 13

Сподели со своите пријатели

Мобилниот телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е одземен за да се види дали комуницирала со Боки 13, рече околу полноќ шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска, по распитот на Бојан Јовановски кој заврши во 30-дневен притвор во Шутка.

Loading...

Како што посочи таа не е направен претрес, туку само е одземен мобилниот телефон. По пишувањата дека претреси имало и кај други специјални обвинители, таа негираше.

Во однос на приведувањето на Јовановски рече дека имаат обезбедено разговори и видео снимки како докази.

За потсетување, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, е приведен и заврши во притвор заедно со Зоран Милевски Кичеец, поради сомневање за примње поткуп и перење пари.

По распитот двајцата со полициска придружба беа спроведени во затворот во Шутка.

фото: јутуб принтскрин

Leave a Reply