Одземен имунитетот на чешкиот премиер Бабиш

Сподели со своите пријатели

Чешкиот парламент го укина имунитетот на премиерот Андреј Бабиш, со што на обвинителството му се овозможува да отвори истрага за обвиненијата дека незаконски примал субвенции од Европската унија.

Поради закани од истрата, Андреј бабиш не можел да формира влада, затоа што од другата партија одбиле да го поддржат како премиер се додека ситуацијата не се разјасни.

Бабиш е вториот најбогат човек во Чешката Република, наведува Ројтерс.

Ги демантира тврдењата дека прикрил дека е сопственик на фарма и конгресен центар за да може да прими два милиони евра земјоделски субвенции од ЕУ пред една деценија.

Парламентот, со 11 спрема 69 гласа, одлуч на Бабиш да му го укине имунитетот, како на потрептседателот на неговата партија АНО, Јарослав Фалтинек.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.