Одвратни фотографии: Поранешен вработен во McDonald’s тврди дека вака изгледаат нивните машини

Сподели со своите пријатели

Корисникот на Твитер потпишан како “@PhuckYouNick” на оваа социјална мрежа ги срушил соништата на сите оние кои сѐ уште мислат дека во McDonald’s сѐ е совршено.

Покрај фотографијата од нешто навистина одвратно, тој напишал дека така изгледа внатрешноста на машината од која го добиваат McFlurry-то.

Ова е фотографијата која ја објавил на својот Твитер профил, а таа досега е споделена 13.000 пати. Покрај овие фотографии тој споделил уште неколку за кои тврди дека се фотографирани во внатрешноста на  McDonald’s.

Фотографиите ги објавувал од 14-ти до 21-ви јули, но британските медиуми дури сега одлучиле да се позанимаваат со нив. На коментарот на еден корисник “дека останал без работа поради фотографиите”, @PhuckYouNick потврдил дека повеќе не работи тука, но дека е среќен заради тоа.

– Управителката на синџирот ресторани ми се закани дека ќе се обрати во полиција поради клевета. Ве молам, клеветата е лага, овие фотографии се вистината – напишал тој.

Loading...

(бркајработа.мк)


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.