Одржан работен состанок на Локалниот совет за превенција

Сподели со своите пријатели

Во просториите на поранешен Комитет во Куманово, денеска се одржа работниот состанок на тема “Запознавање на општествените чинители со Акцискиот план за превенција и спречување на насилен екстремизам”, во организација на Локален совет за превенција, Општина Куманово, Отсекот за превенција при СВР Куманово и Мрежата на силни градови.

Loading...

На состанокот присуствуваше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој во своето обраќање истакна дека секое вложување во воспитно-образовниот процес се враќа многукратно, со цел  зачувување на безбедноста во заедницата.

Присутните беа запознаени со стратешките цели и активности од планот, кои во наредниот период ќе се реализираат.

Се промовираше локалниот Акциски план за превенција и спречување на насилен екстремизам, а воедно беше спроведена и првата стратешка цел од планот.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply