25.06.2019 11:03

Одредени градови имаат „репутација“ за романтични, и многу од нив се наоѓаат во Европа

Facebook Twitter Google+

Париз и Венеција веројатно први ви паѓаат на ум. Но, Европа има уште многу романтични дестинации кои е убаво да се истражат во пар.

Ви пренесуваме пет идеи за патување со саканата личност.

Loading...

Осло, Норвешка

Комбинацијата на удобни кафетерии и културни настани го прават Осло неодолив. Потребни ви се уште случувања? Норвешката национална опера и балет се меѓу најдобрите во светот, најголемата колекција на засадени рози во Норвешка се наоѓа во овој град, во паркот Фрогнер, дури 150 видови од оваа прекрасно цвеќе.

Во срцето на Фрогнер се наоѓа о Вигеланд паркот, во кој скулптурите на Густав Виглеанд, во бронза, гранит и ковано железо, се вознемирувачки, но и величенствени истовремено.

Микинос, Грција

Прекрасен остров „како од разгледница“. Куќи со сини прозорци и врати, ветерници, цркви и мноштво роматнични таверни со поглед на морето.

Копенхаген, Данска

Градот во кој е роден Ханс Кристијан Андерсен морал да биде бајковит. Изнајмете велосипед и впуштете се во заедничката авантура. Градот е познати по кралските палати, викиншката историја и една посебна сирена која чека да ја откриете.

Љубљана, Словенија

Loading...

Возење со кочии, држење за рака додека шетате крај брегот на реката, можеби дури и пикник на едно мало убаво место? Малата Љубљана може да биде вистинска дестинација за некој романтичен пар.

Гдањск, Полска

Овој град не го нарекуваат без причина „Бисер на Балтикот“. Стариот град е најубав дел од Гдањск, полн со стари, високи и тесни трговски куќи, така што неодоливо наликува на Амстердам.

Куќите се толку тесни затоа што некогаш данокот се плаќал во зависност од ширината на дел од градбата која гледа на улица.

Наујубавите згради, највисоките продавници и ресторани се наоѓаат во Долгата улица, на потек меѓу Златната капија и градското собрание.

Во гдањск се наоѓа и најголемата црква во светот изградена од цигли, Базиликата на Св. Марија, долга повеќе од 100 метри.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments