Двајца туристи, Ајви и Рик Рид, биле затрупани во пепел и отровни гасови по вулканска ерупција на Белиот остров на 9 декември, пред три години. На фотографијата направена 15 минути пред ерупцијата се гледа насмеана двојка.
За чудо, парот успеал да ја преживее катастрофата, а Ајви споделила фотографија на страницата „GoFundMe“, за да собере пари и да ги плати трошоците за лекување.
– Ова е нашата последна слика, создадена пред нашите животи засекогаш да се променат. Околу 15 минути откако се сликавме , вулкан на Белиот остров еруптираше и не затрупа со врела вулканска пепел и отровни гасови – изјавила Ајви со фотографијата.
Двојката помина речиси осум недели во болница во Нов Зеланд. Рик имаше три одвоени операции откако се здоби со изгореници на 30 проценти од телото, вклучувајќи ги рацете, нозете и лицето, додека Ајви имаше две операции и изгореници на 20 проценти од телото – рацете, лицето и десната нога. И на двајцата им беа трансплантирани кожни графтови на различни делови од телото.