Одбила да носи маска во авион па добила шест месеци затвор

Сподели со своите пријатели

Авионот што летал од Малта за Сицилија во понеделникот морал да се врати бидејќи патничката одбила да носи маска, па затоа ќе мине шест месеци во затвор.

Loading...

Само што полетал авионот, патничка (24), Италијанка која живее во Бугарија, имала своевидно шоу 20 минути во авионот, бидејќи одбила да стави маска на лицето, објави Еуро Викли Њуз.

Иако ѝ било кажано дека носењето маска е заштитна мерка за другите патници, но и за нејзината благосостојба, таа била упорна, па пилотот немал друга опција освен да се сврти и да се врати назад кон Малта.

Кога авионот слетал, Италијанката била уапсена, веднаш изведена пред судија и добила затворска казна во траење од шест месеци.

Leave a Reply