Од утре забрана за платено политичко рекламирање

Сподели со своите пријатели

Со последните измени на Законите усвоени во Собранието на Република Македонија, од утре, односно 27ми февруари 2016 година стапува на сила забраната за платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените и електронските медиуми, вклучително со интернет порталите.

Имајќи предвид дека Законот за изменување на Изборниот законик влезе во сила со денот на  објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ број 35 од 24 февруари 2016 година, емитувањето платено политичко рекламирање е дозволено до 24.00 часот вечерва.

Агенцијата очекува дека евентуалното емитување на платено политичко рекламирање ќе биде во согласност со стандардите за рекламирање утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и дека особено ќе се води сметка со него да не се промовира дискриминација, нетрпеливост или омраза врз каква било основа.