Од утре третирање против глувци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Од утре до петок ќе се врши дератизација (третирање против глувци) на територија на Општина Куманово.

Loading...

Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа , а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.

– Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат, информираат од Општина Куманово.

Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложено за наредниот ден.

Leave a Reply