Од утре повторно врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Утринава има зголемна ниска облачност, особено кон истокот. Магливо беше во Крушево, Струмица и Демир Капија, а маглча имаше во Ѓуриште во светиниколско.

Како што додаваат од УХМР, времето во текот на денот ќе биде умерено до значително облачно, понекаде со слаба магла претпладне. Ќе дува слаб до умерен север ветер. Температурата од 8 до 14 степени.

Од недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. До среда ќе дува претежно јужен до југоисточен ветер и утринските температури ќе се позитивни. Од среда ќе започне да дува северен ветер што ќе предизвика и пад на температурата.

Leave a Reply