Од утре пад на температурата за 5 до 7 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните дневни температурни вреднсоти ќе бидат во интервал од 30 до 38 степени целзиусови. УВ индксот ќе биде висок и ќе има вредност 8.

Во Куманово и околината денеска че преовладува сончево до умереноблачно време во претпладневните часови, додека околу пладне се очекува мало зголемување на облачноста кое ќе донесе локално врнежи и грмежи кои ќе бидат краткотрајни. Максималната дневна температура ќе изнесува 33 степени целзиусови, умерен ветер од североисточен правец, а во вечерните часови ќе настапи мала стабилизација и разидување на облаците.

Од утре попладне до понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Поизразена нестабилност се очекува в недела.

Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето ќе има од среда. Од недела се очекува пад на температурата на воздухот зa 5 дo 7 степени.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.