Од Украина испловиле уште седум бродови со жито

Сподели со своите пријатели

Турското Министерство за одбрана објави дека уште седум бродови натоварени со жито испловиле од украинските пристаништа.

Loading...

Во соопштението се наведува дека продолжува испораката на жито од украинските пристаништа под контрола на Заедничкиот координативен центар во Истанбул.

Утрово со жито од украинските пристаништа тргнаа уште седум бродови.

 

 

Потсетуваме дека на 22 јули Турција, Обединетите нации, Русија и Украина во Истанбул потпишаа договор за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кои беа блокирани од војната меѓу Русија и Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални лица од трите земји и ОН кои ги надгледуваат пратките.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.