Од среда повторно влажен бран и врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб умерен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролоши работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8-от до 14 степени целзиусови, што е релативно топло за овој период од годината, а таквото топло и стабилно време ќе преовладува и утре.

Во околината на Куманово времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, како и слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Дневната температура ќе се искачи до 9 степени, додека во текот на ноќта температурата ќе се спушти до -2 степени целзиусови.

Од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на неколку влажни бранови кои ќе условат променливо облачно и ветровито време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во среда, особено во западните делови, каде на планините во вечерните часови врнежите ќе бидат од снег. Во среда попладне и во четврток повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, стои во соопштението на УХМР.