Од среда повторно натпросечни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во западните планински предели ќе продолжи да проврнува слаб локален снег, додека  на пониските места има локален слаб дожд.  Кон крајот на денот  врнежите ќе престанат.

Во Куманово во текот на денешниот ден можеме да очекуваме претежно сончево време со умерена облачност и западен ветер со брзина од 20 километри на час. Минималната температура релативно длабоко под нулата, односно -7 степени, додека максималната дневна ќе ја достигне истата вредност во позитива.

Од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а преку денот температурите  ќе бидат во постепен пораст.

Кон средината на наредната недела се очекува повторно затоплување, односно релативно топло време за овој период од госината.