Од среда Македонија во портокалово ниво на опасност од високи температури

Сподели со своите пријатели

Од денес до крајот на оваа седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени.

Најтопло ќе биде од среда до недела, велат од УХМР, кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен.

Никола Ивановски

Leave a Reply