Од следниот месец забрана за увоз на половни возила

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на следниот месец граѓаните на Република Македонија ќе можат да увезуваат само возила со стандардот „Еуро 4“ или повеќе, што значи дека истекува рокот за  увезување половни возила што се постари од 2005 година.

Оние кои до сега купиле возило со стандардот „Еуро 3“ до крајот на овој месец ќе имаат можност да ја платат царината и да ги завршат процедурите за увоз.

Инаку од почетокот на годината, според информациите од Царинската управа увезени биле 9.500 возила односно скоро двојно повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Од 2009 до сега увезени биле 272 илјади половни возила.

одина кога беше либерализиран увозот.

Одлуката за ограничување на увозот која имаше одложено дејство беше донесена уште во 2013 година, на барање на импортерите на нови возила кои тврдеа дека ниските Еуро стандарди се едни од главните предизвикувачи на зимската загаденост на воздухот.
Авто салоните неодамна побараа и дополнително ограничување на увозот – забрана за увоз на возила и со Еуро 4 стандард односно постари од 2009 година.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.