Од Скопје во Куманово до 19 часот влегле над 7.000 возила

Сподели со своите пријатели

На излезот од Скопје кон Куманово на патарината кај Миладиновци до 19 часот денеска, излегле 7.407 возила, јавува порталот СДК, повикувајќи се на извори од наплатните станици.

Loading...

Најголема била фрекфенцијата на патарината на автопатот од Скопје кон Тетово, каде до 19 часот излегле 8.178 возила.

Од вчера 19 општини се ставени во целосен полициски час за овој продолжен викенд, па голем дел од граѓаните искористија да заминат надвор од градовите каде има вакви рестрикции.

Освен голем сообраќаен метеж на патарините од Скопје кон Куманово, хаотично денеска беше и од Куманово кон општина Старо Нагоричане, каде голем дел од кумановци заминаа по своите викендици.

Leave a Reply