Од сабота пониски сметки за струја

Сподели со своите пријатели

Владата ќе го реализира најавувањето за враќање на дневната евтина тарифа на електричната енергија, а граѓаните секако ќе плаќаат пониски сметки за струјата.

За колку проценти ќе биде намалувањето, ќе знаеме утре, иако во јавноста веќе се шпекулира со информации дека намалувањето ќе биде минимално и тоа за 0,25%.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев претходно најавуваше дека ќе се зголеми домашното производство, а ќе се вложува во развој на домашните енергетски капацитети, со што ќе се намали скапиот увоз на струја од соседните земји.

Цената која утре треба да ја утврди Регулаторната комисија за енергетика ќе биде на важност до јули следната година.