Од понеделник ќе стартува изградбата на инфраструктурата во „Гладно поље“

Сподели со своите пријатели

Во понеделник се очекува да започнат сите работни активности за поставување канализација во месноста викано „Гладно Поље“ во населбата Перо Чичо. Ова денес го најави директорот на Јавното претпријатие „Водовод“, Горан Стојковски на 54та седница на Советот на Општина Куманово одговарајќи на советничко прашање од претседателот на советот, Максим Димитриевски.

Градежните работи доцнат веќе одреден временски период, но како што истакна градоначалникот Зоран Дамјановски тоа е поради барањето кое било упатено до Министерствата за екологија и локална самоуправа, да биде дозволено паралелно со канализацијата да бидат поставени и цевки за гасовод.

Првин усно ни дадода одобрение, но писменото одборение никогаш не стигна до нас. Подоцна повторно по усмен пат ни рекоа дека нема да добиеме таква дозвола. Сега сме во процес на отпочнување на работата, прашање е на време, а изгубените месеци се резултат на препукувања на министерствата со локалната самоуправа – рече Дамјановски.

Проектот ќе го изведува фирмата „Жикол“ која е изберена на тендерска постапка во изминатиот период, а назначен е и директор на проектот кој ќе добие своја канцеларија со цел да раководи успешно со проектот.

Од Министерството за животна средина добивме образложение дека не е тргнато со работа поради зиборите, затоа што не можеле да обезбедат директор. Но, тоа сега е решено, веќе се одбележува трасата и во понеделник ќе започне со изведување на активностите – рече Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

Средства за овој проект се обезбедени преку ИПА фондовите, а како посредник се јавува Министерството за животна средина и Општина Куманово.

фото: архива

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.