Од полноќ повторно нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука од ноќеска на полноќ да ја зголеми цената на горивата во однос на одлуката што ја донесе во понеделникот на 3.10.2022 година.

Loading...

Така од утре 6.10.2022 година бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 86,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 89 денари за литар а ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава за 92 денари за литар. Од ноќеска на полноќ поскапува и Екстра лесното масло кое ќе се продава по 92 денари за литар а Мазутот ќе чини 59, 22 денари за килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Од РКЕ објаснуваат дека ваквата одлука е донесена затоа што цените на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,8 отсто, кај дизелот за 3,6 отсто, кај екстра лесното масло за 4,6 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,9 отсто. Од таму напоменуваат дека овие цени се масимални а трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.