Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот ќе се продаваат со зголемена малопродажна цена и тоа во просек за 4,37% или за 2 денари по литар, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 61.50 односно 63.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се зголемува за 2.00 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 48 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две недели.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.