Од полноќ поскапуваат цените на бензините и дизелот

Сподели со своите пријатели

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половна денар по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Loading...

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,32, односно за 1,56 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 64,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38,50 денари за литар.

За 0,221 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 20,122 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,45 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,595 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.