Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Loading...

Согласно одлуката, цените на бензините остануваат непроменети. За денар и половина поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Цената на мазутот се намалува за 0,734 ден/кг.

Од 11.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спортската сала во Куманово добива нов лик по сите ФИБА стандарди (ФОТО)

Мазут М-1 НС 42,475 (денари/килограм)

Loading...