Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80% во однос на одлуката од 5.08.2022 година.

Loading...

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,569%, кај дизелот за 2,117%, кај екстра лесното масло за 2,960% и кај мазутот намалување за 1,402%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија ќе испрати војници на НАТО мисии во Ирак и Летонија

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг и сега ќе изнесува 52,786 ден/кг.

Од 9.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пари за пензии и плати ќе има, уверуваат надлежните

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар)

Loading...

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм)