27.07.2015 13:06

Од ноќеска на полноќ горивата со нова цена


Цената на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намали за 1 денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтинат за половина денар. Вака беше одлучено на денешната седница на Регулаторната комисија за енергетика

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 53 денари, а екстра лесно масло за домаќинство за 41,50 денари.

loading...

За 0,672 денари се намалува и цената на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар ќе чини 25,691 денар.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,37 проценти.

Цената за поевтинување на нафтените деривати Регулаторната комисија ја донесе врз основа на просечната цена на сурова нафта на светската берза како и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.

РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments