Од денеска започнува серија на врнежливи денови

Сподели со своите пријатели

Како што јавува порталот метеопро.мк, денеска во утринските часови времето ќе биде претежно облачно, но сеуште локално со сончевио периоди.

Loading...

Доцна претпладне се очекуваат првите врнежи во западниот регион и планинскиот дел од истоток на земјата. Истите подоцна ќе се прошират низ целата држава, а доцна во попладневните и вечерните часови тие ќе добијат на интензитет, особено во јужната половина од Република Македонија.

Максималната темпаратура низ котлините во источниот регион, како и долж Повардарието ќе биде во рамките од 20 до 23 степени целзиусови, а на западниот дел ќе има нешто пониска температура од 18 степени.

Во Куманово и околината денеска можеме да очекуваме слично време, односно дожд проследен со грмотевици во попладневните часови во комбинација со југоисточен ветер.

Температурата во утринските часови ќе изнесува 10 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 17 степени целзиусови.

Во наредните денови не очекува слично време со поинтензивни врнежи од дожд кои наместа ќе изнесуваат и 20 литри на метар квадратен дневно.

Извор: метеопро.мк/accuweather

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.