Од денеска врнежи од дожд, заладување од вторник

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд.

Loading...

Ќе дува умерен, во источните делови повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 19 до 25 степени целзиусови.

Од денеска кон крајот на денот до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2), проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за слаб снег на повисоките планини.

Leave a Reply