Од денес, Македонија е дел од платформата на Google street view

Сподели со своите пријатели

Почнувајќи од денеска можете виртуелно да го истражувате центарот на Скопје, да шетате низ Битола или да му се восхитувате на Охрид – градот набисерите со лансирањето на новата Street View галерија во Македонија.

Loading...

Од живописните планински слики од Маврово и Ростуша, до прекрасното Охридско Езеро или Камениот мост во Скопје, 360 панорамските слики ги покажуваат некои од најважните туристички и историски локалитети и природна убавина на земјата. Македонците како и луѓето од целиот свет може да прават планови за патување, да ги проверат рестораните пред да пристигнат, да договорат место за средба или само да истражуваат и подобро да се запознаат со областа.

Марта Арсовска Томовска, Заменик министер за Информатичко општество и администрација наРепублика Македонија, вели:

Многу сме возбудени со најавата од  Google да го лансира Street View Македонија. Ни претставуваше задоволство да асистираме при собирањето на сликите од Македонија во текот на измината година и со нетрпение очекуваме корисниците на Google од Република Македонија и од целиот свет лесно да се движат низ земјава. Како што туризмот е една од најбрзо растечките економски сектори во Република Македонија и со зголемување на бројот на странските туристи за 16% во 2015 година, очекуваме дека Google Street View ќе придонесе и за културниот, езерскиот, планинскиот, спортскиот, винскиот, археолошкиот, верскиот, руралниот и еко-туризмот.

Доколку ги следите гигантските чекори на новата технологија, тоа во секој случај е добро институционално управување. Сепак, се наметнуваат повеќе одговорности, со оглед на тоа дека се работи за приватност и заштита на податоци и на овој начин имаме предвид преземање на чекор по чекор напори. Ние, како Институција за заштита на податоците сме длабоко убедени дека соработката со ентитети како Гугл во овој сегмент е силно утврдување во градењето на цврст систем за заштита на податоците во земјава, изјави Димитар Ѓеорѓиевски, Директор на Дирекција за заштита на личните податоци.

Локалните бизниси, исто така може да имаат корист од Street View технологијата со бесплатно вградување на Google Maps директно во нивниот веб-сајт, помагајќи им да промовираат сместувачки опции или да информираат за рестораните, туристичките места и точки со историско и културно значење.

Во областите каде што Street View е достапен, можете да пристапите до поглед на ниво на улицата со зумирање на најниско ниво на Google Maps и кликнување на сликата Street View на левата страна под полето за пребарување или со влечење на портокаловиот симбол ‘Pegman’ фигура, за да бидете пренасочени кон ниво на улицата.

Google ќе направи се за да се заштити приватноста додека им овозможува на сите корисницида имаат корист од оваа функција. Како и со сите Street View слики, пред објавувањето на Google, ќе се применува заматување на лицата и регистарските таблички на сите слики, со цел да се заштити приватноста на луѓето. Откако сликите се достапни, луѓето ќе бидат во можност да пријавуваат слики за понатамошно замаглување со кликнување на ‘пријавете проблем’ на долниот лев агол на сликата.

Потоа тие пополнуваат краток формулар каде ја посочуваат точната слика која треба да биде замаглена.