Од денес хуманитарна помош може да донирате во секоја пошта

Сподели со своите пријатели

Од денес па до 31 август, Македонска пошта со сите свои единици и подружници ширум државата,  ќе биде новата локација на која ќе можете да донирате хуманитарна помош за настраданите во скопскиот регион.

Помошта во конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за лична хигиена и дезинфекција хуманите граѓани може да ја остават во било која поштенска единица на Македонска пошта на целата територија на Република Македонија – соопштуваат од Македонски пошти.

Дистрибуцијата на хуманитарната помош ќе се изврши во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.