Од четврток се очекува да опаѓа нивото на водостоите

Сподели со своите пријатели

Според последните информации од синоптичарите, во изминатото деноноќие најмногу дожд имало во Гевгелија 45 литри на метар квадратен, а најмалку во Куманово, еден литар.

Loading...

– За изминативе десетина дена, на метеоролошките станици се забележани врнежи кои се два до три пати поголеми во однос на повеќегодишниот месечен проск. Реално беше да се очекува појава на вакви врнежи после толку долг сушен период и добро е што овие врнежи беа од дожд, затоа што ќе предизвикаат релативно брзо дополнување на резервите, како кај површинските така и кај подземните водни резервоари и ќе допринесат за потребната влага во почвата неопходна за земјоделството, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

И водостоите се со натпросечни вредности, велат од УХМР, од каде потенцираат дека според денешните водостои на одредени станици го надминуваат повеќегодишниот просек 2005-20014 за 2,3, па и повеќе пати.

– Покачувања бележиме главно во долните делови од теченијата на реките Вардар (горен, среден и долен тек), Црна река, Брегалница и Струмица. Во горните текови (горните делови од сливовите) притисокот на водениот бран постепено попушта и врвот на бранот се спушта низводно по течението на поголемите реки, појаснуваат синоптичарите.

Во Скопје во текот на ноќта, водостојот го достигнал својот максимум и денеска се очекува да се намалува, и тоа во зависност дали ХЕ Вруток, Козјак, СВ. Петка и Матка ќе работат или не. Во Велес утрово се бележи зголемен водостој кој се очекува во текот на денот да се намалува.

Во однос на вчерашните податоци од 07:30 часот, измерените податоци од утрово покажуваат дека Вардар е во стагнирање кај Јегуновце со водостој од 220цм, а во Скопје бележи намалување од 7цм. Во Велес, порастот изнесува 90цм, а на Црна Река кај Новаци 64цм. Реката Струмица кај Сушево и Ново Село бележи пораст од 38 и 20цм.

– Во текот на овие два дена очекуваме сите водостои кај водотеците и понатака да бидат натпросечни за овој дел од годината, а со појавата на минусните температури од четврток, нивоата брзо да опаѓаат, велат од УХМР.

Во рамниците има појава на заезерување на одредени површини, а кај повеќето водотеци низ државата има високи водостои, можни се излевања на река Струмица, Ваддар, Црна река и на дел од нивните притоки во долните делови на сливовите, па поради тоа и понатаму се предупредува на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради опасни води, појава на свлечишта и одрони.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply