Обуки за кумановските средношколци преку проектот „Млади информирани, млади активирани!“

Сподели со своите пријатели

Студентската организација „Излез“ во партнерство со „Младите можат“, „ХЕРА“ и „ЦИД“ го спроведуваат проектот „Млади информирани, млади активирани!“.

Loading...

Во рамките на проектот ќе се одржат 3 последователни обуки на темите:

  • Обука: Работа во заедницата и идентификување на локални проблеми, 21 – 22. 11
  • Обука: Тимска работа и лидерствo,28 – 29.11
  • Обука: Имплементирање на локална иницијатива, проектно планирање,05 – 06.12

По завршувањето на обуките, следува процес на имплементирање на иницијатива, во периодот 07. 12. 2015 – 07.03.2016.

Доколку сте средношколец од Скопје, Велес или Куманово, доколку сте расположен да придонесете за развојот на заедницата со продлабочување на своите знаења преку неформално образование, доколку сакате да поминувате време и споделувате искуства со млади ентузијасти, може да аплицирате со пополнување на апликацијата со кликување тука и да ја испратите најдозцна до 15-ти ноември 2015.

По завршувањето на обуките, учесниците, поделени во две групи, во период од два месеца, ќе спроведат иницијативи насочени кон решавање на општествени проблеми, кои тие самите ќе ги детектираат за време на обуките.

На секоја група ќе ѝ биде доделен ментор кој ќе има задача да дава поддршка, помош и совет во текот на процесот на имплементирање на иницијативите.

„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог  – ЦИД. Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено oпштество – Македонија.

Доколку имате потреба од дополнителни информации, обратете се кај:

Loading...

Стефан Александар Јовановски, [email protected], 071 216 820

Симона Младеновска, [email protected], 077 965 565,

Илија Станковски, [email protected],mk, 078 204 814