Обработени половина од гласовите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија ги процесираше скоро половина од гласовите во Куманово, односно 51,38 отсто од гласовите.

Loading...

Водство со 60,36 отсто има кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски (11.186 гласови), додека 35,77 отсто од гласовите се на Гордана Силјановска Давковка (6.629 гласови), кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата со која СДСМ води во Куманово е 4.557.

Според податоците од општинскиот изборен штаб на СДСМ пред повеќе од половина час Пендаровски имаше водство од 4.880.

Бројот на неважечки ливчиња изнесува 716.

Leave a Reply