Облакодер на иднината: Висок 320 метри, ќе изгледа како наредени коцки стакло (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Овој облакодер наскоро ќе стане највисоката зграда во американската држава Флорида.

Loading...

Имено, станува збор за нов облакодер на хотелот „Валдорф Асторија“ кој ќе биде изграден во центарот на Мајами, а кој ќе се издига дури 320 метри во висина.

Облакодерот ќе изгледа како куп од девет наредени стаклени кутии дизајнирани од славниот уругвајски архитект Карлос От и ќе се гради во соработка со PMG.

 

Зградата ќе опфати околу 100 спрата и ќе се наоѓа на многу бараната локација – 300 Бискејн, што е оддалечена само 10 минути од познатите градски плажи.

Во долните коцки од оваа модерна архитектура, ќе има хотел со пет sвездички со околу 200 соби и апартмани, врвен ресторан, спа центар и фитнес центар, базени, простор за собирање на отворено и други слични објекти.

 

Loading...

Горниот дел од зградата е резервиран за луксузни апартмани за кои веќе се прифаќаат резервации, иако облакодерот сè уште не е изграден.

Најевтиниот стан во облакодерот ќе чини еден милион долари, а целата понуда на овој облакодер во центарот на Мајами може да ја погледнете на Јутуб во видеото на Miami Residental Group.

 

Leave a Reply