Облачно време со врнежи од дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, особено попладне и во јужните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 4 до 10, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 14 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме облачно време проследено со дожд и грмежи и ветер со брзина од 20 километри на час од северен односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе го достигне 18-от степен, додека минималната во текот на ноќта ќе се спушти на 8 степени целзиусови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.