Објавено упатство за Русите кои сакаат да се предадат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинскиот Генералштаб објави видео-инструкција за руските војници како да се предадат со помош на украински квадрокоптер дрон.

Loading...

На Фејсбук страницата на Генералштабот е објавено видео со детални упатства на руски јазик.

Руските војници кои сакаат да се предадат мора да ги известат координаторите на украинската програма Сакам да живеам, кои ќе им дадат временска рамка за пристигнувањето на дронот.

Кога ќе се појави квадкоптерот, војниците мора да ја потврдат својата намера да се предадат со кревање раце и потоа да го следат дронот до местото на средба со украинските војници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина за Трамп може да стане втор Виетнам

Украинската страна верува дека користењето дронови за посредување при предавањето ќе помогне целиот процес да биде побезбеден, пишува Медуза.

„Русите отворија оган врз украинските војници“

Во ноември, видео кое кружеше на Телеграм покажа егзекуција на најмалку 10 руски затвореници во близина на селото Макиевка, што ги демотивираше сите руски војници кои планираа да се предадат.

Руските власти најавија дека ќе ги бараат „сторителите на ова злосторство“.

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди дека Киев ја има целосната верзија на видеото од наводното егзекуција на воени заробеници.

Loading...

Тој рече дека некои од руските војници на видеото навистина сакале да се предадат, но во исто време други отвориле оган врз украинската армија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен во 2022 година ги убедил Украинците да ја продолжат војната, иако мирот беше на хоризонтот

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.