Објавена прва снимка од сообраќајката на Зеленски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, доживеа сообраќајна несреќа во средата во Киев, јавува Си-Ен-Ен, но тој не е тешко повреден.

Loading...

Според прес-секретарот на Зеленски, „едно возило се судрило со возилото на претседателот на Украина и неговата придружба“.

Во меѓувреме на социјалните мрежи кружи видео од местото на несреќата.

На видеото се гледа дека на местото на настанот веднаш пристигнале неколку полициски возила, брза помош и противпожарно возило.

Лекарите кои го придружувале Зеленски му пружиле прва помош на возачот на тој автомобил и го префрлиле во болница, се вели во соопштението.

– Претседателот е прегледан од лекар и не се констатирани сериозни повреди – се додава.

Во тек е истрага, по што треба да се знаат повеќе детали за несреќата.

Украинскиот претседател сѐ уште не објави ништо на оваа тема.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.