Објавена е стихозбирката „Афродита трча по ветерници“ на кумановката Сања Атанасовска

Сподели со своите пријатели

Излезе од печат стихозбирката „Афродита трча по ветерници“ на поетесата Сања Атанасовска од Куманово, во издание на издавачката куќа „Слово Љубве – Буквибукс“ од Скопје.

Loading...

Книгата содржи педесетина песни во кои доминира љубовниот мотив, а тие се поделени во три циклуси „Шест песни за Афродита“, „Трчање по ветерници“ и „Мирно море“.

Ова е петта збирка поезија на авторката. Претходно ги објавила „Писмото на десетте прсти“, „Тапија од животот“, „Стаклена градина“ и „Шафране мој“. „Стаклена градина“ има и аудио верзија. Авторката е добитник на наградите „Лесновски ѕвона“ и „Караманов“.

Нејзини песни се препеани на повеќе странски јазици. Во 2019 година била на книжевна резиденција во Цетиње, Црна Гора.

Leave a Reply