Објавена целосната програма за 500-годишниот јубилеј на Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово од денеска започнува да ги одбележува Ноемвриските денови, во чест на 500-годишнината од постоењето на градот.

Loading...

Богатата програма изобилува со културни и спортски манифестации од различен карактер, а започнува веќе денеска на првиот ден од месецот ноември, кога во 19:30 часот во Уметничката галерија ќе се одржи Меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото Салон „Куманово 2019“ во организација на Фото кино клуб „Козјак“.

Утре (02.11.2019) со почеток во 19 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи манифестацијата „Пензионерите за својот град“, во организација на Здружението на пензионери од Куманово.

Програмата продолжува на 4ти ноември кога исто така во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи квиз „Колку го познаваш својот град?“ во организација на Општина Куманово. Настанот е предвиден за младите и започнува во 12:00 часот.

Истиот ден (04.11.2019) со почеток во 19 часот во Занаетчискиот дом ќе се одржи манифестацијата „Вечер со боја на вино“ во организација на ДНК „Парадигма“- Куманово.

Во продолжение и останатите настани:

05 ноември 2019 година

Ликовна изложба на портрети на Градоначалници на Куманово и средба со успешни и истакнати личности од Куманово.

Loading...

Организатор: Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.

Место и време: Занаетчиски дом, 12:00 часот

06 ноември 2019 година

– Сплет (музичко-ритмичка програма)

Организатор: Ј.У. Детска градинка „Ангел Шајче“,

Место и време: Спортска сала Куманово, 12:00 часот

– Промоција на Монографија на Аероклуб „Куманово“

Организатор: Аероклуб „Куманово“

Loading...

Место и време:  Занаетчиски дом, 18:30 часот

– Вечер посветена на музиката на Трајко Прокопиев

Организатор: НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово,

Место и време: НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово, 20:00 часот

07 ноември 2019 година

– „Рома Фешн“ и Фестивал на ромскиот фолклор ,,Јекипе – Единство 2019”

Организатор: АНРИП „Рушит Шакир“ – Куманово,

Место и време НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, 18:00 часот

Loading...

08 ноември 2019 година

– Традиционален турнир во ФУТСАЛ за пехар на Градоначалник

Организатор: ОСУСК и ОССК

Место и време: Училишна сала при СОУ „Перо Наков“, 16:30 часот

– Фолклорен концерт по повод „Ден на градот“

Организатор: КУД „Бајрам Шабани“ – Куманово

Loading...

Место и време: НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, 18:00 часот

– Музички концерт

Настапуваат: „АТА“, „Кастро“, „Ки“, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски и „2 Бона“.

Организатор: Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово,

Место и време: Градски плоштад – Куманово, 20:30 часот

Loading...

09 ноември 2019 година

– Меѓународен турнир во пинг-понг

Организатор: „Пинг Понг“ клуб Куманово и ОССК,

Место и време Училишна сала при СОУ „Гоце Делчев“ Куманово, 10:00 часот

– Ликовна изложба ,,Карпино – 2019“

Loading...

Организатор: Мултимедијален центар ,,Карпино“

Место и време: НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, 19:30 часот

– Музички концерт

Настапуваат: „Некст Тајм“ и Џенан Лончаревиќ.

Организатор: Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово,

Место и време: Градски плоштад – Куманово, 20:30 часот

Loading...

10 ноември 2019 година

– КУП во спортско риболовство

Организатор: ЗСРРК „Пчиња“ и ОССК,

Место и време: село Пчиња (река Пчиња), 08:00 часот

– Рапид турнир (ШАХ)

Loading...

Организатор: Градски Шаховски клуб „Куманово 1“ и ОССК

Место и време: Ресторан „РИМ-ПАРИЗ“ Куманово, 12:00 часот

-Атлетска улична ноќна трка

Организатор: Атлетски клуб „Куманово“, Атлетска Федерација на РСМ и ОССК

Место и време: Градски плоштад – Куманово, 18:30 часот

– Ликовна изложба на Кумановски ликовни уметници

Организатор: НУ „Народен музеј“ – Куманово

Место и време: Уметничка галерија – Куманово, 19:30 часот

-МЕГА КОНЦЕРТ

Настапуваат: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, Дувачки оркестар Бојан Ристиќ и Лепа Брена.

Организатор: Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово,

Место и време: Градски плоштад – Куманово, 20:30 часот

11 ноември 2019 година

– Полагање цвеќе на Спомен „Костурница“ со пригодна програма

Организатор: Сектор за подршка на Градоначалникот и Советот на Општината

Место и време: Спомен „Kостурница“ – Куманово, 11:00 часот

– Свечена седница на Совет на Општина Куманово

Loading...

Организатор: Сектор за подршка на Градоначалникот и Советот на Општината

Место и време: НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, 12:00 часот

15 ноември 2019 година

– Модна ревија (обувки и облека)

Организатор: Здружение на чевлари и Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово

Место и време: Занаетчиски дом, 19:00 часот

– Промоција на документарен филм

Loading...

Организатор: Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово

Место и време: НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, 19:30 часот

16 ноември 2019 година

– Литературно поетска вечер ,,Подкозјачки литературни средби 2019“ во Куманово

Организатор: Здружение „Јустиција” – Куманово,

Место и време: Занаетчиски дом, 19:00 часот

17 ноември 2019 година

Loading...

– Семинар во боречка вештина Аикидо

Организатор: Аикидо клуб „АГАТСУ“ Куманово и ОССК

Место и време: СОУ „Перо Наков“ Куманово (училишна сала) 11:00 часот

22 ноември 2019 година

– Ликовна изложба „Арт меморија„

Организатор: НУ „Народен музеј“ – Куманово

Место и време: Уметничка галерија – Куманово,19:00 часот

28 ноември 2019 година

Loading...

– Промоција на документарен филм за Драгомир Шојиќ

Организатор: Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово

Место и време: Занаетчиски дом, 19:00 часот

29 ноември 2019 година

– Гитаријада-2019

Организатор: Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово

Место и време: Занаетчиски дом, 19:00 часот

Leave a Reply