Објавен распоредот за полагање екстерно во основно и средно образование

Сподели со своите пријатели

Министерството за образование и наука информира дека распоредите за екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование се објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Loading...

„Секој ученик може да ги погледне датумот и часот кога ќе биде тестиран, додека за наставните предмети ќе биде информиран три дена пред датумот на полагањето, исто така преку наведената интернет страница“, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

Инаку, процесот на екстерната проверка на постигнувањата на учениците и проверка на објективноста на оценувањето на наставниците ќе се реализира во периодот од 2 до 10 јуни и ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

Јавниот базен со прашања, објавен на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk содржи вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и српски јазик по вкупно 7.560 предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со 1 час неделно, генерирани се 100 прашања, за предмет со два часа неделно генерирани се 200 прашања, за предмет застапен со три часа неделно генерирани се 300 прашања.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *