Лидерите на Израел и Либан ќе разговараат денес

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ќе разговара со либанскиот претседател Џозеф Аун, изјави за CNN неименуван израелски функционер.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денес лидерите на Либан и Израел ќе разговараат, за прв пат по децении, додека либански функционер рече дека не бил запознаен со тоа.

Израелските медиуми објавија дека израелскиот кабинет за безбедност разгледува еднонеделно примирје во Либан поради притисокот од САД, но и дека израелската армија од утрово продолжила да ги гаѓа целите на милитантната група Хезболах на југот на Либан, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Инвазија“ на пчели во Израел: Десетици илјади инсекти го преплавија градот, издадено итно предупредување (ВИДЕО)