Министерството за надворешни работи на Кина издаде предупредување до граѓаните што патуваат во Соединетите Американски Држави, наведувајќи безбедносни ризици и повикувајќи на претпазливост, особено при влегување во земјата преку аеродромот Сиетл-Такома.
Во соопштението се вели дека околу 20 кинески научници, кои патувале во САД за да учествуваат на академска конференција, биле подложени на „неразумно испрашување“ од страна на американските гранични службеници, по што, како што тврди Пекинг, им бил одбиен влез и покрај тоа што имале важечки визи, објави Ројтерс.
Надлежното министерство тврди дека слични случаи „се повторувале“ и вклучуваат „малтретирање и злонамерно испрашување“ на кинески државјани на влезните точки во САД.
Кинеските власти им советуваа на граѓаните да ја зголемат безбедносната свест, да избегнуваат влез преку споменатиот аеродром и внимателно да се подготват пред да патуваат во САД.

