Објавен новиот оглас за вработување професионални војници во АРМ

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана го објави јавниот оглас за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија. Пријавувањето трае до 27-ми овој месец.

Loading...

Министерството ќе продолжи со ангажирање на најдобрите кандидати за професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди, велат од одбраната. Повикот важи за сите граѓани кои не се постари од 25 години.

Неодамна во Армијата беа примени 125 професионални војници. Со завршувањето на оваа фаза на прием, ќе се заокружи и најавениот процес за прием на 250 професионални војници во служба на армијата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.