Обид за самоубиство на Бедински мост во Куманово

Сподели со своите пријатели

На мостот кој води кон населбата Бедиње, постара жена од нас. Јане Сандански денес се обиде да си го одземе животот со скокање од мостот, јавува СВР Куманово.
Средновечната жена се обидела да си го одземе животот денеска околу 11.30 часот скокајќи од мостот, откако била забележана од случајни минувачи.
Во момент кога В.Ј (54) се уште давала знаци на живот, била повикана Итна медицинска помош и полиција.
Од Општа Болница – Куманово информираат дека лицето В.Ј се здобила со скршеници на карлицата, на горните и долни екстремитети, со видливи повреди на градниот кош и тешки телесни повреди по што била упатена на болничко лекување.
Неодамна, од истиот мост, во сообраќајна незгода загинаа четири момчиња, чие возило излета од патот и заврши на автопат.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.