Обид за физички напад врз Максим Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Две лица вчера се обиделе физички да го нападнат независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски додека имал средба со граѓани во селото Долно Којнаре.

Loading...

– На 05.10.2021 во 21.33 часот во СВР Куманово, М.Д., кандидат за градоначалник на Куманово пријавил дека, додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре, кај спортското игралиште, Д.„Н“ и З.П. го навредувале и му се заканувале, по што се обиделе и физички да го нападнат, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Никола Ивановски