Новосељане – село населено уште од римско време

Сподели со своите пријатели

Новосељане е село на околу 20 километри одалеченост од Куманово, во кое живот постоел уште во римско време.

Loading...

Станува збор за претежно ридско село, со надморска височина од околу 350 метри и површина од 7,6 метри.

Селото располага со 616 хектари обработливо земјоделско земјиште и околу 118 хектари пасишта.

Археолошки локалитети во Новосељане

Подрачјето на Новосељане е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Жути Камен – Чилак на 1,5 км северно од селото.

Од двете страни на патот во селото се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец физички ја нападнал својата сопруга

Во селото се наоѓа и археолошкиот локалитет Цервак, каде во нивите на ЗИК „Клечовце“ се пронајдени темели од градби, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.

 

Новосељане
Деан Лазаревски/Wikimedia

 

Loading...

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новосељане живееле 220 жители, сите Македонци.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во селото имало 176 Македонци.

Според пописот од 2021 година, Новосељане имало точно 20 жители, од кои 11 мажи и девет жени.

Селото има 71 куќа, но населени биле само осум од нив.

Новосељане нема деца според последниот попис, но имало тројца млади жители во своите дваесети, како и еден маж во раните триесети години од животот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, полицијата му пронашла кафеава прашкаста материја

Најстариот жител на селото според пописот од пред две години, била жена на над 80-годишна возраст.