Новогодишна прослава: Кумановци преферираат прослави на викендици

Сподели со своите пријатели

Викендиците се многу подобар избор за забава во новогидшната ноќ, споредбено со угостителските објекти, одлучија кумановци.

Loading...

На последната анкета која ја спроведовме на нашиот Инстаграм профил, ги прашавме луѓето, што би избрале попрво. Рекорден број од оние кои одлучиле да одговорат на нашата анкета избраа викендица.

Дури 82 отсто од вас избраа викендица, а само 18% како подобар избор преферираат некој угостителски објект. Во бројки, 160 избрале угостителски објект, а 745 од вкупниот број, Нова година би дочекале на некоја викендица.

Ако се стави математичка пресметка за прослава на пример во кафеана ќе ви бидат потребни просечно 100 евра од лице, што за резервацијата, што за облека. Од друга страна за 200 евра можете да изнајмите викендица за четворица во Маврово, Крушево или Берово, па веројатно сите тргнуваат првенствено од економската исплатливост.

За повеќе интересни анкети следете го нашиот Инстаграм профил.

Leave a Reply