Новогодишна културно-уметничка програма за сите генерации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово организира новогодишна културно уметничка програма за сите генерации.

Loading...

Настаните кои ќе се одржат во просториите на Занаетчискиот дом се бесплатни.

Годинава, исто како и претходните нема да има новогодишни концерти на плоштадот, но надлежните од фондацијата се оптимисти дека со културната програма ќе ги задоволат критериумите на кумановци.

– Почнувајќи од 14-ти декември ќе се случи промоција на книга на Силвија Краљевска во 18 часот во Занаетчиски дом. На 21 ви декември ќе е промоција на книга на Ана Аврамовска, поврзана со нашиот град. Во 19 часот во Занаетчиски дом. На 22-ри декември ќе се случи настан во просториите на Занаетчиски дом станува збор за јавен историски час кој ќе го води Сотир Костов, изјави Марио Арангеловски, в.д директор на Фондација за култура и спорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хуманитарна изложба на автомобили во сабота во Куманово

Дарко Тодоровски ќе ја отвори новогодишната програма со предновогодишен концерт на 23ти декември од 19 часот.

– На 27-ми декември во 12 часот е планирано предновогодишен концерт во Занаетчискиот дом да одржат учениците од нижото музичко училиште „Панче Пешев“. Наредниот ден, односно на 28-ми декември со почеток во 19 часот, концерт ќе одржат и младите Бисерчиња. Одбележувањето ќе заврши на 29-ти декември со гостување на Театарот од Скопје со претставата „Каде е Рудолф“,наменета за деца од 4 до 12 години, од едукативен карактер, потенцира Арангеловски.

Никола Ивановски