Ново пајак возило и две монтажни гаражи ќе добие Куманово годинава

Сподели со своите пријатели

Две монтажни катни гаражи треба да добие Куманово до крајот на 2018. година според програмата за работа на Јавното претпријатие „Куманово паркинг“, а освен тоа предвидена е и набавка на ново пајак возило кое треба да се справува со непрописно паркираните возила.

Како што брифираше директорот на претпријатието, Фадиљ Шабани, приходите се зголемени за 100 отсто, односно од претходните 3 милиони денари, на шест милиони денари, со што и програмата за работа за годинава е пообемна.

– За одржување на јавното осветлување се предвидени оваа година 17,5 милиони денари, за реконструкција се предвидени четири милиони денари и за новогодишно украсување 3,5 милиони денари. Во текот на годинава Јавното претпријатие во соработка со актуелниот градоначалник постигна договор и планираме да изградиме неколку привремени гаражи. Предвидени се вкупно пет катни гаражи да се изградат како паркинг места, но за годинава според тоа што го договоривме сигурно две такви ќе се реализираат до крајот на годината, а исто така до крајот на годинава да набавиме уште еден „пајак“ за што јавното претпријатие има потреба, рече директорот Шабани на последната одржана седница на Советот на Општина Куманово.

Според Шабани, претпријатието има потреба од ново пајак возило, затоа што онаа што моментално го поседува е од 1986 година и постојано е во дефект. Се водат активни разговори со ЈП „Паркинзи“ од Скопје до каде Општина Куманово испратила барање за давање на заем на пајак возило, до набавката на ново.

Набавка на ново пајак возило и две монтажни гаражи беа предвидени и со програмата за 2016 година, сепак од засега непознати причини набавката не беше реализирана.

Куманово во 2016 ќе добие ново пајак возило и нова монтажна гаража

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.