Ново истражување покажува дека мачките не се домашни животни

Сподели со своите пријатели

Иако мачките и кучињата се најпопуларни домашни миленици, новата студија на Универзитетот во Вашингтон вели дека тие не се домашни животни туку само делумно припитомени.

Можеби некогаш сте се запрашале зошто се толкку незаинтересирани и непослушни, а ако е така, погледнете како научниците го објаснуваат тоа. Новата студија посветена на домашните мачки вели дека наите миленици всушност се полуприпитомени. Луѓето започнале да ги чуваат и да ги припитомуваат мачките пред околу 9.000 години, но нивната ДНК, како велат експертите, и натаму има исти особини како ДНК на нивните далечни предци.

Факти се и дека мачките задржале способност за лов и снаодливост, а новата студија уште повеќе нагласува дека луѓето имале многу малку влијание на природата на мачките.