Новиот кинески магнетен воз е најбрзото копнено возило во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Кина беше претставен нов воз заснован на принципот на магнетна левитација (маглев), дизајниран да достигнува брзина до – 600 километри на час!

Loading...

Ова го прави овој воз во моментов, не само најбрзиот воз, туку и – најбрзото копно возило на светот!

Возовите маглев создаваат многу помалку бучава, бидејќи нема триење помеѓу тркалата и шините. И бидејќи тие се движат лебдејќи (односно левитираат) над нивните шини, првично беа дизајнирани да патуваат со голема брзина.

Тестирањето на прототипот започна во Шангај во јуни минатата година, а нов кинески воз маглев беше претставен во крајбрежниот град Кингдао, во провинцијата Шандонг, на истокот на земјата.

Со години, Кина е светски лидер во изградбата на брзи пруги. На крајот на 2020 година, во таа земја беа изградени вкупно 37.900 километри брза пруга, што е најголема должина на брза железничка мрежа во светот.

 

Leave a Reply